ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ АНГАЖИРА 18 ЛИЦА ЗА СРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ Објавен е јавен повик

76

Општина Битола објави јавeн повик за вршење јавни работи и работно ангажирање на 18 лица невработени ниско квалификувани и со средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените и јавните површини во градот и во руралните средини.
Во ангажманот на лицата влегува и средување на речното корито на реката Драгор, средување на Золошката градина, помош при други градежни зафати во делот на инфраструктурата.

Работното ангажирање ќе биде за период од 6 месеци од април до септември, во работни денови од понеделник до петок, со ангажман од по 7 работни часа на ден. На лицата ќе им биде исплатен месечен надоместок во износ од 20.000 денари нето износ. Во износот се пресметани надоместокот за извршената работа во тековниот месец и трошоците за превоз од местото на вршење на работите, како и надоместокот за исхрана.






За овој јавен повик повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/rabotno-angaziranje/

Поврзани содржини