📷 ОПШТИНА АЕРОДРОМ ГО СЛАВИ СВОЈОТ 19 РОДЕНДЕН Најмладите жители со низа активности го направија овој ден посебен

Градоначалникот Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи го честита јубилејот, притоа упати благодарност до сите кои учествува во активностите и го направија овој ден посебен.

220

Во духот на младоста и радоста, со повеќе настани, спортски и музички активности, денеска се одбележа 19 роденден на Општина Аеродром. Учество земаа учениците од основните училишта и детските градинки, кои уште еднаш покажаа дека Аеродром е најубавата, најурбана и спортска средина која аеродромци се учат да ја чуваат уште од најмали нозе

„Аеродром е општина која инвестира во децата и младите. Преку низа проекти и инвестиции во изминатиот период општината покажа грижа за нив и овозможи подобри услови за спорт, рекреација и едукација. Токму во духот на младост и радоста, со неколку настани и различни спортски и музички активности, денес се одбележа 19. роденден на општината“, информираа од Општина Аеродром.






Градоначалникот Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи го честита јубилејот, притоа упати благодарност до сите кои учествува во активностите и го направија овој ден посебен.

„Пораките изработени од учениците од основните училишта и градинките, а кои се однесуваат на желбата за поубава, позелена и почиста општина, ќе останат највисоко во приоритетите на Општина Аеродром“, порача Муцунски.

Поврзани содржини