ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ИЗГУБИ ВО УЛОГАТА Единствен коректив на власта во моментот е народот, вели Лефков

Останува добриот факт дека оваа Влада потекнува од народот и не го губи тоа чувство и гледаме дека навреме реагира за секоја криза, како што беше и сè уште е реакцијата за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков критикувајќи ја опозицијата дека потфрлила во својата улога.

104

Опозицијата се изгуби во својата улога, додека единствениот коректив на власта во моментот е народот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во „За или против“ на Алфга.

Тој вели дека Владата потекнува од народот и навреме реагира на секоја криза.






– Случувањата во светот влијаат на економијата, влијаат на глобалните случувања, влијаат на аспирациите коишто ги имаме ние за членство итн., влијаат врз ценовниот притисок, врз притисокот на цените. ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја има апсолутната власт и со тоа можност да реагира, да работи во корист на граѓаните. И во оваа цела слика многу е важна опозицијата за да може да биде квалитетен коректив на тие политики, меѓутоа гледаме дека опозицијата се изгуби во својата улога, односно не успеа да ја врати изгубената доверба.

Лефков истакна дека иако опозицијата треба да биде квалитетен коректив на политиките на власта, нивните настапи не се базираат на факти и немаат суштина.

– Во овој момент единствен коректив на власта е народот, јавноста и чувството на оваа Влада затоа што потекнува од народот и довербата која што ја доби на последните избори, континуирано ја добива, и мислам дека во овој момент опозицијата потфрлува во својата улога да биде коректив. Останува добриот факт дека оваа Влада потекнува од народот и не го губи тоа чувство и гледаме дека навреме реагира за секоја криза, како што беше и сè уште е реакцијата за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите – дециден е Лефков.

Поврзани содржини