ОПОЗИЦИЈАТА ОТКРИВА „ДУШМАНСКИ“ ЦЕНИ ЗА ИСКОП И ТРАНСПОРТ НА ЗЕМЈА ВО ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ“ Она што Гранит го наплаќал по 2,3 евра за кубик сега ќе чини повеќе од 7!

Наум Стоилковски праша каде ќе заврши разликата во овие цени, зашто станува збор за многу пари, за многу земја, многу површински и подповршински ископ, многу поминати километри на камиони...

834

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска на прес конференција изнесе неколку споредби со цени за градежни зафати при изградба на автопати во Македонија, кај кои како инвеститор се јавува државата, со цени од договорот со конзорцииумот „Бехтел и Енка“ за коридорите 8 и 10д, за кои рече дека се добиени од укажувачи.

– На страница 130 од Договорите за коридорот 8 и 10Д добиен од укажувачи, во ценовникот за ископ на првиот слој, прифатена е цена од 5,36 евра за кубен метар, односно 330 денари. Ова е цена за ископ на горниот слој земја со вклучен транспорт до три километри. Над овие три километри за транспорт се наплаќа 0.17 евра за тон по километар, па така, еден камион со носивост од 25 тона ќе чини 4.25 евра по километар!






За споредба, договор склучен на 24 февруари 2023 помеѓу Гранит и ЈПДП за автопатот од ГП Блаце до с. Блаце за истава работа, Гранит наплаќа 2.33 евра по кубен метар со вклучен транспорт до 15 километри. Значи, наместо 2,33 евра од еден кубен, државата сега, со 15 километари транспорт ќе плаќа 7,4 евра или 5 евра повеќе по кубен метар. Треба да се знае дека се работи за многу милиони кубни метри земја за ископ.

Потоа, ископ на подолни слоеви земја, под првиот слој. 8,95 евра за кубен метар, или 552 денари со транспорт до 3 километри. Над тоа повторно се плаќа 4,25 евра по километар за камион. Споредено со договорот за рехабилитација на државниот пат Тетово- Џепчиште од 2021 година, цената таму е 240 денари за македонската фирма Гранит, значи цената за коридорите е многу повеќе од двојно поголема. 552 денари, со 240 денари, до три километри, а потоа се додаваат и оние 4,25 евра километар за камион – рече Стоилковски.

Тој праша каде ќе заврши разликата во овие цени, зашто станува збор за многу пари, за многу земја, многу површински и подповршински ископ, многу поминати километри на камиони…

До сега нема одговор, се уште го кријат договорот, го кријат и од институциите, има само молк на прашањата околу финансиските импликации врз буџетот. Кријат и бегаат од одговор зошто е толкава разликата и зошто е прифатена толкава разлика во цени – рече Стоилковски.

Поврзани содржини