ОПОЗИЦИЈАТА ДА РАЗМИСЛИ ЗА РАДИКАЛИЗАЦИЈА Демократијата е парализирана, состојбата е алармантна, порача Апасиев
Само по себе законодавниот дом веќе не постои, веќе знаете – ситуацијата е 60:60. Тие со вакви методи може да стигнат и до 90 - изјави Апасиев.
Лидерот на Левица Димитар Апасиев вечерва пред Собранието оцени дека ситуацијата е алармантна и дека е парализирана демократијата. Во изјава за медиумите, Апасиев рече според него потребна е политичка радикализација на опозицијата.
– Јас сум на тој став бидејќи очигледно тие ги користат сите полуги на власта за да оневозможат демократска транзиција на власта и мислам дека треба опозицијата да размисли за радикализација на методите. Тоа значи протести, блокади, парализа на Собранието. Само по себе законодавниот дом веќе не постои, веќе знаете – ситуацијата е 60:60. Тие со вакви методи може да стигнат и до 90 – изјави Апасиев.