ОПОЖАРЕНИ ТРИ ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ Нема повредени

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а СВР Скопје презема мерки за расчистување на настанот.

667

Во 4.35 часот во СВР Скопје А.С.(41) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром било опожарено неговото патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки.

Полицијата соопшти дека од пожарот биле зафатени и уште две возила со скопски регистарски ознаки – „форд“ сопственост на Г.М.(42) и „ауди“ сопственост на Т.К.(49), двајцата од Скопје, наведено е во полицискиот билтен.






Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани содржини