📽️ OПЕРАЦИЈА ОДМАЗДА, САД УДРИЈА ВРЗ ИСЛАМСКА ДРЖАВА Владата на Сирија ја поддржа акцијата
Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека сириската влада ја поддржала операцијата и дека „САД се одмаздуваат многу жестоко“.
Американските сили изведоа масовен напад врз целите на Исламска држава (ИД) во централна Сирија, откако претходно двајца војници и еден цивилен преведувач загинаа во напад кај покраината Хомс. Според Пентагон, операцијата со кодно име „Hawkeye Strike“ имала за цел елиминација на борците, инфраструктурата и складиштата со оружје на ИД.
Според објавата на Централната команда на САД на Икс, погодени со повеќе д 70 локации со повеќе од 100 муниции.
„Ги убивме нашите непријатели, и ќе продолжиме“
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, во своето обраќање на социјалните мрежи нагласи дека акцијата не претставува почеток на војна, туку „декларација за одмазда“.
– Ги гоневме и ги убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа – наведе Хегсет.
Централната команда на САД потврди и дека во нападите учествувале и авиони на кралските јордански воздухопловни сили.
Tonight, U.S. and Jordanian forces struck 70+ ISIS targets in Syria with 100+ precision munitions. Peace through strength. pic.twitter.com/XWWvfqBBFT
— U.S. Central Command (@CENTCOM) December 20, 2025
„Се одмаздуваме жестоко“
Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека сириската влада ја поддржала операцијата и дека „САД се одмаздуваат многу жестоко“.
Во соопштение од сириското Министерство за надворешни работи се наведува дека земјата останува решена да не дозволи „безбедни засолништа“ за терористичките групи.
Падот на Асад и новата реалност во Дамаск
По соборувањето на Башар ал Асад минатата година, Сирија ја предводи привремената влада на Ахмед ал Шара, која соработува со американската коалиција против остатоците од Исламска држава. Минатиот месец, Шара ја посети Белата куќа и разговараше со Трамп за регионалната безбедност.