ОПАСНО ПОПЛАДНЕ ПО ЖЕШКОТО УТРО Метеоролозите предупредуваат на силни грмежи и град
Во Скопје времето ќе биде сончево претпладне, но во попладневните часови нѐ очекува повремен дожд кој повремено ќе биде пороен, а ќе има и појави на грмежи. Очекувајте и засилен северен ветер, особено попладне и навечер.
Утре нѐ очекува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови, на повеќе места ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Има услови за изолирана појава на невреме со град, особено во западните и централните делови на земјава.
Минималните утрински температури ќе се движат од 9 до 16 степени, а максималните дневни од 26 и 35 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево претпладне, но во попладневните часови нѐ очекува повремен дожд кој повремено ќе биде пороен, а ќе има и појави на грмежи. Очекувајте и засилен северен ветер, особено попладне и навечер.
Во петок ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Попладне, особено во источните делови од земјава, ќе има нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е да се појави и изолирано невреме со град.
Минималните утрински температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните дневни од 27 и 36 Целзиусови степени.