Џонсон вознемирен од насилствата во САД

258

Насилството на кое сме сведоци на протестите во САД, а кое предизвика смрт на Афроамериканец во полициски притвор, е многу вознемирувачко, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

– Насилството што го гледаме е очигледно многу алармантно … на луѓето мора да им се дозволи мирно да протестираат – рече портпаролот на Џонсон.






Афроамериканецот Џорџ Флојд почина откако беше брутално приведен од четворица полицајци во Минеаполис, што предизвика протести низ САД, кои во голема мерка прераснаа во насилни.

Поврзани содржини