Џонсон во јуни во Брисел ќе ги продолжи преговорите за Брегзит

162

Британскиот премиер Борис Џонсон следниот месец ќе отпатува за Брисел, каде ќе ги продолжи преговорите за Брегзит, објави лондонскиот весник Тајмс.

Британскиот преговарач за односите со ЕУ, Дејвид Фрост, изјави дека Џонсон ќе се сретне со претседателите на Европската комисија и со Советот на ЕУ, со цел официјално да се процени состојбата во која се наоѓаат преговорите.






Фрост повтори дека Велика Британија нема да го продолжи транзицискиот период на Брегзит по декември годинава.

Велика Британија излезе од ЕУ на 31 јануари 2020 година.

Поврзани содржини