ЏОНСОН ОСТРО ПРОТИВ МИРОВНИОТ ПЛАН НА ТРАМП „Треба безбедносни гаранции за Украина, а не отстапки за агресорот“

„Освен правото да ги споделат своите природни ресурси со САД, Украинците не добиваат ништо“, напиша Џонсон, кој во минатото го поддржуваше Трамп за други теми.

282

Поранешниот премиер на Велика Британија Борис Џонсон остро ги критикуваше предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на руската војна во Украина.

Во објава на Икс, Џонсон истакна дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува неселективно да убива украински цивили – повеќе од 100 убиени и ранети во Киев, меѓу кои и деца – а во замена за тоа му се нуди право да задржи насилно освоена суверена украинска територија, да ја контролира иднината на Украина преку забрана за нејзино членство во НАТО, да добие укинување на санкциите, економско партнерство со САД и можност повторно да ја изгради армијата за нов напад по неколку години.






„Освен правото да ги споделат своите природни ресурси со САД, Украинците не добиваат ништо“, напиша Џонсон, кој во минатото го поддржуваше Трамп за други теми.

Тој потенцираше дека се неопходни долгорочни, доверливи и добро финансирани безбедносни гаранции за Украина од нејзините западни сојузници.

„Ако сакаме да спречиме нови злосторства од страна на Путин, мора да понудиме гаранции за безбедноста на Украина – од Велика Британија, САД и сите западни партнери“, заклучи Џонсон.

Вчера Трамп изјави дека, како дел од мировна понуда, Русија наводно се согласила да ја запре војната без да ја освои цела Украина.

Поврзани содржини