Џонсон: Новиот вид на коронавирус значи дека ќе имаме тешки времиња

481

Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди денеска дека појавата на новиот вид на коронавирус значи дека претстојат тешки времиња, нагласувајќи ја потребата за контрола на неговото брзо ширење.

– Знам дека беше многу, многу тешко во текот на последните неколку недели и морам да им кажам на луѓето дека ќе биде тешко, особено поради брзината со која се шири новиот вид – истакна Џонсон на прес-конференција.

Поврзани содржини