Џонсон најави попуштање на мерките

314

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во Парламентот дека по истекот на важењето на едномесечните рестриктивни мерки, идната недела повторно ќе бидат отворени продавниците, фризерските салони и теретаните, како и дека на некои навивачи ќе им биде дозволено да се вратат на трибините.

Џонсон најави и дека ќе бидат допуштени и венчавки, групни молитви и спортски натпревари на отворено.






За нивото на рестриктивните мерки од идната недела ќе одлучуваат локалните власти, пренесува АП.

„Спортсмејл“ пренесува дека навивачите ќе се вратат на трибините од 2 декември и дека на почетокот на натпреварите од Премиер лигата ќе има најмногу 4.000 гледачи, а во пониските лиги и натпреварите во сала на останатите спортови ќе има двојно помалку гледачи.

 

Поврзани содржини