Џонсон и натаму на интензивна нега, неговата состојба е подобра

Најновите информации се дека премиерот останува на интензивна нега, каде неговата состојба се подобрува – рече Сунак.

309

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и натаму се наоѓа на интензивна нега. Неговата состојба се подобрува, тој може да седи на кревет, изјави министерот за финансии Риши Сунак.

– Најновите информации се дека премиерот останува на интензивна нега, каде неговата состојба се подобрува – рече Сунак, пренесува „Ројтерс“.






– Јас, исто така можам да ви кажам дека тој седеше на креветот и позитивно соработуваше со тимот од болницата – изјави Сунак.

Претходно денеска портпаролот на Џонсон изјави дека британскиот премиер добро реагира на  терапијата која ја прима на одделението за интензивна нега во болницата „Свети Томас“ и додаде дека тој е добро расположен.

Поврзани содржини