Џонсон: Ќе има трговски договор со ЕУ
Договорот е тука, треба да се приведе до крај, работите се многу јасни. Отсекогаш сум бил ентузијаст за трговскиот договор со нашите европски пријатели и партнери - рече Џонсон.
Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон денеска изјави дека по Брегзит ќе се воспостави трговски договор со Европската унија.
– Договорот е тука, треба да се приведе до крај, работите се многу јасни. Отсекогаш сум бил ентузијаст за трговскиот договор со нашите европски пријатели и партнери – рече Џонсон.
Британскиот премиер истакна дека договорот е близу.
– Само треба да се фатиме за работа и да го дадеме својот максимум. Вчера зборував со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа целосно се согласува со мене – рече Џонсон.