Онлајн анкета на dm: Што сакате најмногу, а што не ви се допаѓа толку многу?

Споделете ги вашите мислења и придонесете, вашиот следен шопинг во dm да биде уште попријатно искуство, велат од компанијата dm.

247

Компанијата dm спроведува онлајн анкета за да ги чуе мислењата на купувачите за тоа што најмногу им се допаѓа во дрогериите, а што можеби и не им се допаѓа толку многу.

„Сигурни сме дека секој од нас во некоја прилика се сретнал со дрогериите на dm и го направил својот шопинг токму тука. На многумина од нас токму овие дрогерии ни се омиленото место за пазарување. Сега е времето да кажеме какво е нашето мислење за нив. Што сакаме најмногу, а што можеби и не ни се допаѓа толку и би можеле да го подобрат. Ја сакаме шминката, но не и нашминканите резултати! Одвојте неколку минути и одговорете на кратката анкета. Споделете ги вашите мислења и придонесете, вашиот следен шопинг во dm да биде уште попријатно искуство. Прашањата може да ги погледнете тука – dm АНКЕТА!“, соопшти компанијата.

Поврзани содржини