ОНКОЛОШКИТЕ УСЛУГИ ЌЕ СЕ ДЕЦЕНТРАЛИЗИРААТ Центрите во Битола и Тетово функционираат, „8. Септември“ и Штип се подготвуваат

Идејата е на онколошките пациенти да им понудиме онколошка услуга поблиску во регионот во кој живеат - изјави министерот Алиу.

1

Приоритет на Министерството за здравство е децентрализација на онколошките услуги во земјава. Започнавме со клиниките и здравствените институции што имаат соодветни кадри и инфраструктура – најави министерот за здравство Азир Алиу

– Имаме веќе функционални одделенија во Битола и во Тетово. Во Градска општа болница „8-ми Септември” сè е средено, значи веќе тој процес, административен за добивање лиценца е завршен и ценам дека за брзо време ќе треба и таму оперативно да имаме онколошки услуги на ниво на амбуланта. Но, еве Тетово и Битола веќе имаат. Штип исто така ќе биде, сè уште е рана фаза таму, ќе треба да се инвестира инфраструктурно. Идејата е на онколошките пациенти да им нудиме онколошка услуга поблиску во регионот во кој живеат – изјави министерот Алиу во емисијата „360 степени” на МРТ






Во однос на информациите во јавноста дека има недостиг на онколошка терапија, министерот Алиу посочи дека станува збор за проблем кој се јавува поради процедурите.

„Терапијата недостига поради тие процеси што се строго дефинирани во законот за отворање постапка до завршување на постапката и често ни се случува да бидат неуспешно завршени, па треба од почеток да се отвори постапка за тип на лек или за некоја друга услуга. И вториот момент е поради увозниците. Често и тоа ни се случува, постапката да е завршена успешно, а тој лек моментално не е увезен во нашата земја и чекаме недела-две, бидејќи и таму има административни процедури, да можат да завршат за да може да се требува и да биде дел од здравствениот систем – рече Алиу.

Поврзани содржини