ОН ЈА УСВОИЈА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ГЕНОЦИД ВО СРЕБРЕНИЦА 84 држави гласаа „за“, 19 против и 68 беа воздржани

Претставникот на Куба рече дека го отфрла текстот на резолуцијата, додека Никарагва рече дека не го поддржува текстот на резолуцијата бидејќи не придонесува за помирување.

1,969

Со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани беше усвоена во Резолуцијата за Сребреница во Обединетите Нации(ОН). Со резолуцијата 11 јули се прогласвува за „ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница“. На гласањето не беа присутни сите 193 земји членки на ОН.

Српските медиуми коментираата дека резолуцијата е „срамна“, а дека Србија е „морален победник“ затоа што „за“ гласале помалку од половина од земјите членки.






Меѓу земјите кои гласаа против беа Русија, Кина, Никарагва, Белорусија, Еритреа, Есватини и други. Меѓу воздржаните беше Грција.

Претходно, Кина најави дека  ќе гласа против Резолуцијата за Сребреница во Обединетите Нации(ОН), Намибија најави ќе се воздржи, додека Азербејџан нема да гласа, како што најавија нивните претставници по нивниот говор на Генералното собрание на ОН.

Претставникот на Куба рече дека го отфрла текстот на резолуцијата, додека Никарагва рече дека не го поддржува текстот на резолуцијата бидејќи не придонесува за помирување.

– Срамота е што на запад има двојни стандарди. Би сакал да ве потсетам на геноцидот на колонизаторите во Африка, како и на фактот дека НАТО ја бомбардираше територијата на земјата на која се однесува Резолуцијата – изјави претставникот на Никарагва во ОН.

Претставникот на Венецуела рече дека нацрт-резолуцијата, пред да придонесе за помирување, ќе го продлабочи јазот меѓу народите на Босна и Херцеговина – Хрватите, Србите и Бошњаците.

Претставникот на Кина оцени дека нацртот ги отфрли големите контроверзии во Босна и Херцеговина.

– Кина повторно повикува на целосна комуникација со клучните учесници и земјите-членки во нацрт-резолуцијата. Избрзаното гласање за нацрт-резолуцијата, кое се уште е обележано со големи разлики, не е во согласност со духот на помирување и хармонија во БиХ и меѓу земјите од регионот. Тоа не е во согласност со желбата за одржување на мирот на Западен Балкан – изјави претставникот на Кина.

Како што дознава српски Курир, Вануату, Антигва и Барбуда и Малави го повлекле своето ко-спонзорство од резолуцијата.

 

Поврзани содржини