ОМИЛЕНАТА СЛИКА НА ЗЕЛЕНСКИ ЈА РАЗБЕСНИ МОСКВА Кремљ гори на платното на грузиски уметник
Сликата на која е прикажан Кремљ како гори е од 2022 година на грузискиот уметник Сандро Антаѕе. Таа е именувана – „Сон“, а Зеленски изјавил дека му е омилена.
Фотографијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски како позира пред слика на која е прикажан Кремљ како гори објавена од магазинот „Тајм“ предизвика гнев во Москва.
– Не би коментирал. Претпоставувам дека ова на најдобар начин го илустрира нивото на духовен развој и внатрешната состојба на оној кој позира пред такви слики. Во секој случај, тоа не е во интерес на тие кои снимаат и објавуваат, како ниту на тие кои позираат – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за фотографијата објавена вчера од американскиот магазин.
„Тајм“ објави дека над креветот на Зеленски има три слики. На едната е прикажан руски воен брод кој тоне во Црно Море, на другата се прикажани украински војници во борба на руска територија и на третата е прикажан Кремљ како гори.
Сликата на која е прикажан Кремљ како гори е од 2022 година на грузискиот уметник Сандро Антаѕе. Таа е именувана – „Сон“, а Зеленски изјавил дека му е омилена.
Зеленски осврнувајќи се на сликите за „Тајм“ наведе дека „Секој е за победа … Тоа е местото каде што живеам“.