Омилената медицинска сестра од ковид-болницата на црвениот тепих во Венеција

455

Медицинска сестра од болницата во Милано, чие лице стана симбол на борбата против Ковид-19, Алесија Бонари, беше прогласена за личност на годината, а прими награда на Филмскиот фестивал во Венеција.

Фотографијата, 23-годишната медицинска сестра ја објави во март, во врвот на пандемијата на ковид-19, на која се гледаше нејзиното лице со отоци и полно со модринки од долгото носење на заштитна маска по маратонската смена во болницата, каде лекувала пациенти заразени со коронавирусот.






Под фотографијата, таа тогаш напиша: „Ги замолувам сите што ќе го прочитаат ова да не ги уништуваат напорите што ги правиме, да бидат алтруисти и да останат дома за да ги заштитат најслабите“.

Нејзината објава на Инстаграм е споделена неколку стотици илјади пати, а лицето на младата медицинска сестра со модринки стана симбол на оние кои се борат против ковид-19.

Како специјална гостинка на филмскиот фестивал во Венеција, Алесија Бонари прошета по црвениот тепих во елегантен црн фустан, дискретно, но ефектно нашминкана и имаше романтична фризура со „бранови“ што паѓаа на едната страна.

 

Foto: Instagram/alessiabonari, EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Поврзани содржини