ОМИЛЕНА ВЕЛЕДРОГЕРИЈА НА ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ ЗАРАБОТУВАЛА МИЛИОНИ ВО ОНКОЛОГИЈА Обвинителството ги разгледува наводите за злоупотреби
Знаете дека имаше анкетна комисија во рамките на парламентот, тогаш пратеничката Рашела Мизрахи излезе со извештај, според некои информации кои што јас ги имам дел од тие наводи веќе ги третира Обвинителството. Така што да почекаме резултатот од сето тоа коешто во минатото го зборувавме каков ќе биде, изјави премиерот.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју „360 Степени” на МТВ рече дека проблемот со Онкологија ќе се реши во текот на неделата, потенцирајќи дека завршува времето на злоупотреби каде омилената веледрогерија на минатата власт заработувала на лекови по екстремно високи цени на грбот на пациентите.
– Има во државата закони кои што мора да се почитуваат и процедури кои што мора да бидат запазени. Јас апсолутно се согласувам со вас дека секој осигуреник мора да добие правилна медицинска нега – дециден е премиерот Мицкоски.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција често пати зборуваше за случајот во Онкологија и за сето она коешто таму се случувало, „како лековите биле аплицирани, дали тие лекови биле воопшто третирани на начин на кој што треба да бидат третирани, дали сето тоа биле злоупотребувано“.
– Знаете дека имаше анкетна комисија во рамките на парламентот, тогаш пратеничката Рашела Мизрахи излезе со извештај, според некои информации кои што јас ги имам дел од тие наводи веќе ги третира Обвинителството. Така што да почекаме резултатот од сето тоа кое што во минатото го зборувавме каков ќе биде – изјави Мицкоски.
На прашањето зошто не се подготвени како власт да преземат нешто, туку постојано се навраќаат во минатото, Мицкоски рече:
– Не, ние мораме тоа да го констатираме, бидејќи тој проблем сега го решаваме. Нас најлесно ќе ни беше да продолжиме по принципот „како до сега”, односно една омилена веледрогерија на претходната Влада, да ја негуваме и третираме како тоа што го правеше претходната Влада, да добиваме лекови на реверс коишто три до четирипати повеќе ќе ги плаќаме, без соодветна тендерска процедура, па сето тоа потоа да се враќа. Или да спроведеме законска тендерска процедура во која што снабдувачите на ваков тип на лекови ќе обезбедат за пациентите. И тоа го правиме, веднаш по вчитувањето на буџетот и веднаш по распределбата во рамки на здравствените институциите сите овие процедури се запазени и во текот на оваа недела сето тоа ќе биде решени и надминат. И за првпат нема повеќе да има реверси, нема повеќе да има злоупотреби.