Oливие Варан: За осум, 10 или 12 дена, ќе видиме дали се намалува бројот на заболените од коронавирусот

550

Францускиот министер за здравство Оливие Веран оцени дека граѓаните ја разбрале сериозната состојба во која се наоѓа нивната земја, ова при првиот ден од целосната забрана за непотребно движење, што очигледно се почитува, јави дописникот на МИА.

– Мислам дека Французите ја разбраа сериозната состојба во нашата земја, рече министерот за здравство Оливие Веран, уверувајќи дека „секое болно лице (од коронавирусот,) ќе се лекува“. „Имаме за цел да бидеме во контакт со максимум пет лица на ден. (…) За осум, 10 или 12 дена, ќе може да забележиме дали се намалува бројот на заболените – додаде тој.






Пазарите „каде гледаме турканици и има многу тезги ќе бидат затворени“, најави притоа министерот за здравство. Според него единствено пазарите на кои се продава храна ќе можат да продолжат со работа.

Поврзани содржини