ОЛИВЕР ЗАФИРОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА 30 години работеше во болницата „Козле“

852

Доктор Оливер Зафировски од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ е назначен за нов медицински директор на Универзитетската клника за пулмологија и алергологија Скопје.

Тој доаѓа на местото на проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог и алерголог кој беше назначен за директор на Пулмологија во 2017 година.






„Најпрво би сакал да им се заблагодарам на моите колеги од Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје каде што работев повеќе од 30 години и заедно ја изградивме во врвна медицинска институција. Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третмант на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем каде што граѓаните ќе се се лекуваат по светски стандарди“, објави д-р Зафировски на својот профил на Фејсбук.

 

Поврзани содржини