🎥 ОКТОПОД ЗГРАПЧИ ДЕТЕ И НЕ ГО ПУШТАШЕ Мајката објави видео од инцидентот

Според мајката на детето, Бритни Тарин, инцидентот се случил ненадејно, кога октоподот ја зграпчил раката на нејзиниот син. Таа на TikTok објави низа видеа и фотографии, прикажувајќи ја раката на Лео прекриена со темно виолетови модринки од зглобот до пазувата – траги од пипалата на животното.

862

Посетата на аквариумот во Сан Антонио за шестгодишниот Лео се претворила во трауматично искуство, откако бил нападнат од октопод во делот наменет за „галење“ – интерактивна зона каде посетителите можат да допираат морски животни под надзор на вработени.

Според мајката на детето, Бритни Тарин, инцидентот се случил ненадејно, кога октоподот ја зграпчил раката на нејзиниот син. Таа на ТикТок објави низа видеа и фотографии, прикажувајќи ја раката на Лео прекриена со темно виолетови модринки од зглобот до пазувата – траги од пипалата на животното.






– Таа почна да се искачува по стаклото и одеднаш се најде на Лео. Беше панично. Немаше ниту еден вработен во близина. Почнавме да врескаме – изјавила Бритни.

Тврди дека по неколку минути се појавил еден вработен, кој наводно рекол: „Тоа е само игра – октоподот е многу разигран“.

Но, ситуацијата не била нималку безазлена. Вработениот не можел сам да го одвои октоподот од детето, па морале да интервенираат уште двајца членови на персоналот. Целиот инцидент, според Тарин, траел околу пет минути.

Мајката истакнува дека при претходни посети, секогаш имало вработен што стоел покрај базенот со октоподи, надгледувајќи го контактот меѓу животните и децата. Овој пат, вели, контролата изостаналa.

Таа веќе поднела официјална жалба до Министерството за земјоделство на САД, наведувајќи дека нејзиниот син претрпел физички повреди и дека вработените не ја сфатиле сериозно ситуацијата.

Од аквариумот во Сан Антонио засега нема официјална изјава.

@britneytaryn Thank you @MySA | San Antonio news y más and @Priscilla Aguirre for being an incredible journalist and bringing light to our mission! #savetheoctopus #sanantonioaquarium #octopus #aquariumstory #mysa ♬ original sound – Britney Taryn

Поврзани содржини