ОКТОМВРИ ВО ЗНАКОТ НА ХУМАНОСТА Донации од „Зегин“ за атлетска трка, „Кокичиња“…

„Зегин“ ја поддржа атлетската трка „23 Октомври“ која традиционално се одржува по повод Денот на македонската револуционерна борба.

470

Компанијата „Зегин“ со повеќе активности ја продолжи традицијата на општествено одговорна компанија и октомври го мина во знакот на хуманоста.

Од 20 до 22 октомври во Скопје се одржа Регионалната научна конференција „Предизвиците на децата со канцер и ковид-19“ во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа САНО, а во име на децата-херои.






Станува збор за конференција на која што присуствуваа стручни лица (лекари, онколози, психолози, социјални работници) и претставници на здруженијата кои се и млади излечени од канцер, од територија на сите поранешни југословенски републики (Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина). Целта на оваа конференција беше споделување искуства за нивната работа во полза на канцер пациентите во време на ковид-19, како и подигнување на свеста во јавноста за зголемување на бројот на заболени од оваа болест. Конференцијата беше поддржана од министерот за здравство Венко Филипче.

– Компанијата „Зегин“ учествуваше на оваа конференција како општествено одговорна компанија која секогаш ги препознава искрените напори за помош и дава несебична поддршка за нивна поуспешна реализација со која би се овозможила подобра и поквалитетна нега на оние на кои им е најпотребно – велат од фармацевтската компанија.

Покрај тоа, „Зегин“ донираше потребни производи и за здружението „Кокичиња“. Ја поддржа атлетската трка „23 Октомври“ која традиционално се одржува по повод Денот на македонската револуционерна борба.

– И не застануваме овде, продолжуваме понатаму со хуманост, поддршка и пријателства, бидејќи тоа е клучот за успех и доверба – порачуваат од компанијата „Зегин“.

Поврзани содржини