ОКТА ГО ПРОДОЛЖУВА ПОПУСТОТ ЗА ГОРИВАТА ДО 30 АПРИЛ Три денари за дизел и 2 денари за бензините по литар

Големопродажните и малопродажните трговци остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени, се наведува во соопштението од ОКТА.

66

Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар.

„Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, големопродажните и малопродажните трговци остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени“, се наведува во соопштението од ОКТА.

Поврзани содржини