ОКТА ДОНИРАШЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПАКЕТИ ВО ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО СКОПЈЕ Празнична помош за ранливите групи граѓани во пресрет на Божик
Како организација и како поединци веруваме во принципите на хуманоста и затоа преку различни активности се трудиме да ја дадеме нашата поддршка онаму каде е најпотребна. Благодарни сме што имаме ресурси и можност да помагаме, и се надеваме дека со оваа донација ќе успееме барем малку да го направиме овој празничен период од годината, поразличен и за лицата во социјален ризик, рече Деjан Стојковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при ОКТА.
Во пресрет на божикните празници, ОКТА обезбеди помош за ранливите категории сограѓани. Со средствата кои компанијата ги донираше на Црвениот крст на Град Скопје се обезбедени пакети со прехранбени продукти. Тимови на Црвениот крст ги дистрибуираа пакетите до социјално најранливи семејства во земјава на кои помошта им е најпотребна.
„Како организација и како поединци веруваме во принципите на хуманоста и затоа преку различни активности се трудиме да ја дадеме нашата поддршка онаму каде е најпотребна. Благодарни сме што имаме ресурси и можност да помагаме, и се надеваме дека со оваа донација ќе успееме барем малку да го направиме овој празничен период од годината, поразличен и за лицата во социјален ризик”, рече Деjан Стојковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при ОКТА.
Покрај редовното вклучување во добротворни активности, вработените се горди што во рамки на ОКТА веќе 41 година дејствува и посебна организација на Црвениот крст, која континуирано ги промовира хуманите вредности и активно организира акции на крводарителство и волонтерство, со цел поддршка на загрозените и ранливи категории на население.