📽 ЃОКОВИЌ ВООДУШЕВЕН ОД ПОТЕЗИТЕ НА ШПАНЕЦОТ Ноле се изнервира на мечот со Алкараз, но го испофали како иден шампион

Импресивно е тоа што го постигна на толку млада возраст. Ги има вистинските вредности, скромен е и вреден. Неверојатно е што тенисот го има Алкараз. Тој ќе биде еден од лидерите на турнејата во следните 10-15 години. Тенисот е во добри раце, изјави Ѓоковиќ.

410

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го пофали Карлос Алкараз по поразот во Ријад во ревијален натпревар.

Шпанецот имаше неколку импресивни победници за кои Ѓоковиќ, согласно карактерот на натпреварот, реагираше со насмевки и воодушевување.






По овој поен во четвртиот гем од третиот сет, Ѓоковиќ го испушти рекетот и ги рашири рацете за да покаже дека со ваков паралелен форхенд ништо не може да се направи. Карлитос задоволно се насмевна на потегот на Србинот.

 

– Импресивно е тоа што го постигна на толку млада возраст. Ги има вистинските вредности, скромен е и вреден. Неверојатно е што тенисот го има Алкараз. Тој ќе биде еден од лидерите на турнејата во следните 10-15 години. Тенисот е во добри раце – изјави Ѓоковиќ.

Србинот зборуваше и за враќањето на Рафаел Надал на турнејата.

– Се надевам дека јас и Карлос ќе имаме одлични натпревари против Рафа Надал следната година. Тоа би било одлично за нашиот спорт – истакна најдобриот тенисер на светот.

Ѓоковиќ вчеравечер загуби од Шпанецот Алкараз во ревијален меч со 6:4, 4:6 и 4:6

 

ЃОКОВИЌ И АЛКАРАЗ ПРИРЕДИЈА СПЕКТАКЛ ВО РИЈАД Шпанецот славеше победа после пресврт

Поврзани содржини