ЃОКОВИЌ ТРЕБА ДА РАЗМИСЛИ ШТО ПОНАТАМУ Бекер вели дека поразот од Алкараз е голем удар

708

Поразот на Вимблдон од Карлос Алкараз е голем удар за Новак Ѓоковиќ, смета неговиот поранешен тренер Борис Бекер.

– Мислам дека имаме нов крал, кој го собори стариот во многу возбудливо финале. По првиот сет мислев дека Новак ќе победи, но Карлос во вториот сет продолжи со својата игра – изјави Бекер за Sky Sport Italia.






Тој очекувал Ѓоковиќ да победи.

– Ова е голем удар за Ѓоковиќ, тој сигурно не очекуваше да загуби. За него беше изненадување можеби тоа што победи во Париз, како сега кога загуби во Лондон – додаде Бекер.

Тој претпоставува дека Ѓоковиќ сега треба да размисли што ќе прави во иднина.

– Сега ќе мора да разговара со семејството и со тимот. Ќе видиме што ќе се случи, тој има 36 години, но сепак е фит. Поентата не е во годините, туку во мотивацијата и што најмногу освоил. По Мастерсот што следува, целото внимание потоа ќе биде насочено кон УС Опен, каде што нè очекува кулминацијата. Алкараз ќе биде фаворит – изјави Бекер.

На АТП листата моменталната разлика меѓу Алкараз и Ѓоковиќ е 880 поени, а Шпанецот ќе се бори за трофејот и на претстојниот УС Опен.

Поврзани содржини