ЃОКОВИЌ СОБОРИ УШТЕ ЕДЕН РЕКОРД Стана играч со најмногу трофеи во историјата на стадионот Артур Еш

Во мечот во кој го победи Албот кој траеше 2 часа и 8 минути, 37-годишниот Србин имаше 8 асови, 10 двојни грешки и 6 освоени брејк топки од 16 шанси.

362

Најдобриот тенисер на светот  Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Раду Албот од Молдавија во првото коло на УС Опен со резултат 3:0, по сетови 6:2, 6:2 и 6:4.

Во меч што траеше 2 часа и 8 минути, 37-годишниот Србин имаше 8 асови, 10 двојни грешки и 6 освоени брејк топки од 16 шанси.






Со оваа победа Ѓоковиќ стана играчот со најмногу триумфи во историјата на стадионот Артур Еш. Тој стигна до неверојатни 78 победи на најголемиот тениски објект на планетата.

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра со сонародникот Ласло Ѓере.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 75 милиони долари.

Поврзани содржини