ЃОКОВИЌ СЕ ВРАЌА ДОМА Австралиските власти не му дадоа виза (ВИДЕО)

Тој не покажа царински доволно докази за медицинско ослободување, изјави Пол Сакал, новинар на австралискиот портал „Возраст“.

2,094

Донесена конечната одлука – Новак Ѓоковиќ се враќа во Србија. Австралиските власти  одлучија да му забрант влез на српскиот тенисер бидејќи немал поднесено доволно докази за медицинско ослободување односно да го оправда изземањето од вакцинирање поради здравствени причини.

Тоа значи дека Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на првиот Грен слем сезонава.






– На Новак му беше укината визата. Му беше кажано да ја напушти земјата во текот на денот. Неговите адвокати се во процес на поднесување жалба. Тој не покажа царински доволно докази за медицинско ослободување – изјави Пол Сакал, новинар на австралискиот портал „Возраст“.

Информацијата ја потврди и таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан. За српските медиуми тој изјави дека на неговиот син не му е дозволен влез во Австралија каде ловеше два рекорди и воедно ја бранеше титулата од последниот Австралијан Опен.

Драмата на аеродромот во Мелбурн траеше повеѓе од 6 часа. по стигнувањето на Ѓоковиќ му беа побарани сите докази за медизинско ослободување. Беше најавено дека ќе оди и во изолационен притвор.

И претседателот на Србија Александар Вучиќ претходно се вклучи во активностите да му се помогне на тенисерот да влезе во Австралија.

Вучиќ вели дека контактирал со Ѓоковиќ и презема мерки да се стави крај на „малтретирањето“ на тенисерот.

„Само што завршив телефонски разговор со Новак Ѓоковиќ. Му порачав дека цела Србија е зад него, дека нашите власти преземаат мерки за престане малтретирањето на најдобриот тенисер на светот што е можно побргу. Во согласност со сите норми на меѓународното јавно право, Србија ќе се бори за Новак Ѓоковиќ, правдата и вистината“, напиша Вучиќ.

Претходно, Ѓоковиќ доби зелено светло од организаторите на турнирот кои се повикаа на одлуката на независната лекарска комисија, но се помали се шансите дека Србинот ќе може да брка нова грен-слем титула во Мелбурн.

 

Меѓу луѓето кои ја донесоа контроверзната одлука е и министерката за спорт на локално ниво, Јала Пулфорд, жена која го шокираше тенискиот свет со изјавата дека се надева дека трофејот во Мелбурн ќе го освои Рафаел Надал.

За време на приклучувањето на вестите на каналот „7News“ од Мелбурн, еден од соговорниците ги наброја успесите на Новак и истакна дека освојувањето на 21. Грен слем ќе го направи рекордер во таа категорија. Тоа би било адут во дебатата за најдобрите на сите времиња, но Јала се надева дека тоа нема да се случи.

– Па, се надевам дека Надал ќе го освои трофејот – рече таа во програмата во живо.

Поврзани содржини