ЃОКОВИЌ СЕ СПРЕМА ЗА ЈУ-ЕС ОПЕН Не сакам надгробна плоча на која ќе пишува „Гренд слем шампион“
Деведесет и девет проценти од луѓето на оваа планета, ако ги прашате што е најважно за вас во животот, би рекле дека тоа се семејството, љубовта, здравјето и среќата. Така што, би ги кажал тие четири работи и би додал дека сакам да бидам најдобриот татко и сопруг што би можел да бидам.
Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ рече дека не би сакал на неговата надгробна плоча да пишува „тука лежи победникот во Гренд Слем“, а дека најважните нешта во животот му се семејството, љубовта, здравјето и среќата. Загадочното прашање од весникот „Њујорк Тајмс“, се чини дека не ја поколеба скромноста на Ѓоковиќ, кој би можел да влезе во историјата на тенисот ако по четврти пат го освои овој турнир годинава, пишува Блиц
И додека српскиот тениски ас се подготвува да не го повтори поразот од Олимпијадата во Токио, Њујорк Тајмс ја искористи можноста да му направи кратко интервју.
Сакам да бидам најдобриот татко и сопруг
– Деведесет и девет проценти од луѓето на оваа планета, ако ги прашате што е најважно за вас во животот, би рекле дека тоа се семејството, љубовта, здравјето и среќата. Така што, би ги кажал тие четири работи и би додал дека сакам да бидам најдобриот татко и сопруг што би можел да бидам. Исто така, би сакал да ме паметат како личност која е дарител и личност која се грижела за другите и оставила трага во светот и која ги инспирирала другите и која живеела со полни бели дробови. За мене, тоа е дефиниција за тоа како би сакал да гледам назад во мојот живот во последните денови од мојот живот – рече Новак за „Њујорк Тајмс“.
Нејќам славеничка надгробна плоча
По некое време, следеше загадочното прашање: Дали би сакале да имате натпис „Тука лежи гренд-слем победник“ на вашата надгробна плоча?
– Не, не, не – рече Новак брзо и одлучно:
– Ако некој дојде да ме посети и да ја погледне надгробната плоча, не би сакал да пишува дека сум најдобриот, најуспешниот тенисер во историјата. Се разбира, тоа е многу, многу важен дел од мојот живот и нешто на кое сум му посветен. Но, ако треба да го ставам на вага и да споредам што е поважно, тоа воопшто не ми паѓа на памет – рече Ѓоковиќ, пренесува Телеграф.
Патем, ако успее да победи на Ју-Ес Опен, Новак ќе им се приклучи на избраната група великани кои успеале да го освојат турнирот четири пати во иста година: Дон Баџ во 1938 година, Морен Коноли во 1954 година, Род Лејвер во 1962 и 1969 година и Штефи Граф во 1988 година.