ЃОКОВИЌ СЕ ПОТСЕТИ НА ДЕТСТВОТО ВО СРБИЈА Сега имам милиони ама знам како е да немаш ни цент – благословен сум и среќен!

Не можам да заборавам од каде доаѓам и во какво време растев. Така што, апсолутно ја познавам и другата страна, а тоа искуство ми помага повеќе да ги ценам парите - изјави српскиот тенисер.

1,874

Не е тајна дека еден од најдобрите тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ, во неговата 20-годишна професионална кариера има заработено повеќе од 159 милиони долари – и тоа е цифра без да се пресметуваат спонзорствата, рекламите и другите приходи.

Оваа недела, тој би можел со победа да го заврши турнирот во Торино и да заработи дополнителни 4,7 милиони долари.






– Секој човек може лесно да дознае колку заработуваме ние тенисерите. Не можам сега јас да седам овде и да зборувам за парите како за еден од моите животни проблеми. Стварно сум многу благословен и среќен. Парите доаѓаат како последица од мојот тенис и од успехот што го остварувам заедно со моето семејство и со тимот – изјави Новак.

Но, тој не го заборава и своето тешко детство.

– Мислам дека секое евро што сум го стекнал е заработено со напорна работа, со пот и со солзи. Ништо не земам здраво за готово, бидејќи знам какво е чувството кога немаш ништо во џебовите, а имаш семејство, војна, санкции… Не можам да заборавам од каде доаѓам и во какво време растев. Така што, апсолутно ја познавам и другата страна, а тоа искуство ми помага повеќе да ги ценам парите – изјави српскиот тенисер.

Поврзани содржини