ЃОКОВИЌ СЕ ПОМАЧИ СО МЛАДИОТ ХРВАТ ПРИМЖИЌ Го изгуби првиот сет, но го совлада по 4 часа игра
Прижмиќ од Сплит, кој има 18 години, за прв пат во кариерата се најде во главната жрепка на грен-слем турнирите.
Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, триумфираше попладнево над Хрватот Дино Прижмиќ со 3-1 (6-2, 6-7, 6-3, 6-4), во воведното коло на Австралија Опен.
Ѓоковиќ ја почна одбраната на титулата на грен-слем турнирот во Мелбурн со загубен сет, откако младиот противник беше поуспешен во тајбрејкот по водството на Србинот од 1-0.
Сепак, Ѓоковиќ рутински ги реши во своја корист следните два сета и забележа победа по точно четири часа игра.
Младиот 18-годишен Прижмиќ од Сплит прв пат во кариерата се најде во главната жрепка на грен – слем турнирите.