ЃОКОВИЌ РУТИНСКИ ГО СРЕДИ И КЕПФЕР Следува олимписко четвртфинале против Циципас

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата со четири четвртфиналиња на ОИ, а воедно стана и најстариот олимписки четвртфиналист.

790

Новак Ѓоковиќ по четврти пат обезбеди олимписко четвртфинале. Српскиот тенисер кој е прв носител на олимпискиот турнир во Париз, со 7-5, 6-3 го совлада 70-от светски играч, Германецот Доминик Кепфер.

Со тоа тој стана првиот играч кој испиша историја со четири четвртфиналиња на ОИ, а воедно стана и најстариот олимписки четвртфиналист.






Сега во мечот за  полуфинале ќе игра против својот стар ривал, Стефанос Циципас. Грчкиот тенисер, кој во Париз е во улога на осми носител, победи по 81 минута игра против Аргентинецот Себастијан Баес со 7-5, 6-1.

Поврзани содржини