ЃОКОВИЌ ПРВО БИЛ ПОЗИТИВЕН, ПА НЕГАТИВЕН? Протече фотографија од документот за прележување

„Адвокатите на Ѓоковиќ се обидоа да ја оспорат одлуката на граничната полиција пред австралискиот федерален суд на 35 страници, но наводно позитивниот тест за ковид-19 на Ѓоковиќ во средината на декември ги отежна наместо да ги олесни работите“, објави L'Equipe со фотографија и линк до текстот.

991

Слика од потврдата од српскиот Институтот за јавно здравје дека тенискиот ас Новак Ѓоковиќ имал позитивен ПЦР тест на 16 декември објави на Твитер спортскиот новинар Бен Ротенберг, иако е нејасно кој ја направил. Според податоците, Ѓоковиќ го добил резултатот во 20 часот и 19 минути, а следниот ден бил фотографиран во друштво на деца каде без маска и дистанца им делел чаши. За работите да бидат уште позамрсени, на 22-ри истиот месец, Ѓоковиќ пак направил тест во кој бил негативен, пишува Индекс.

 






Дека Ѓоковиќ заразен шетал меѓу луѓе потврди и L’Equipe, кој објави фотографија од Ѓоковиќ во својата редакција каде Србинот беше на снимање на едиторијал на 18 декември, без никому да каже дека е позитивен.

„Адвокатите на Ѓоковиќ се обидоа да ја оспорат одлуката на граничната полиција пред австралискиот федерален суд на 35 страници, но наводно позитивниот тест за ковид-19 на Ѓоковиќ во средината на декември ги отежна наместо да ги олесни работите“, објави L’Equipe со фотографија и линк до текстот.

 

Поврзани содржини