Ѓоковиќ повторно удри по линиските судии, но овојпат со зборови

Најдобриот тенисер на светот прашал која е потребата од тениските линиски судии, кога веќе постои технологија којашто може да утврди дали топчето во некоја ситуација излегло надвор од теренот.

854

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одржа многу интересна прес-конференција за новинарите откако го помина четвртото коло на Ролан Гарос.

Тој зборувал за неколку теми, но исто така го обелоденил и својот став околу потребата за линиските судии во тенисот.

Тој прашал која е потребата од тениските линиски судии, кога веќе постои технологија којашто може да утврди дали топчето во некоја ситуација излегло надвор од теренот.

– Имам огромна почит кон традицијата и културата на овој спорт кога станува збор за луѓето кои што се на теренот во текот на натпреварот, вклучувајќи ги и линиските судии, но навистина не гледам причина зошто на секој турнир во светот, во оваа технолошки напредна ера, не го има тоа што го имавме во текот на Синсинати турнирот во Њујорк – рекол Новак.

Потоа, тој додал дека технологијата е толку многу напредна, што апсолутно не постои потреба од линиските судии на теренот.

– Секако дека разбирам дека технологијата е скапа, така што тоа е и економски проблем којшто има и свој знак прашалник. Но, чувствувам дека одиме натаму и дека наскоро нема да имаме потреба од линиски судии. Да, децата кои што ги собираат топчињата, секако дека треба да останат, но линиските судии навистина не гледам зошто треба да бидат на терен, искрено. Можеби вие може да ми кажете дека има некоја добра причина за тоа, а да не е традицијата во овој спорт – изјавил тој.

Поврзани содржини