ЃОКОВИЌ ПОБЕДИ И СТАВИ ПОТПИС НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ Се исплати упорноста на македонскиот навивач во Њујорк 

Момче од Македонија по мечот во четвртфиналето на УС Опен, успеа да стигне до српскиот тенисер, му го подаде македонското знаме и на него доби вреден автограм од тенискиот ас.

1,316

Навивач од Македонија во Њујорк го бодреше Новак Ѓоковиќ во четвртфиналниот меч на УС Опен, а потоа успеа да добие потпис од српскиот ас на македонското знаме.

Ѓоковиќ славеше убедлива победа против Американецот Тејлор Фриц во три сета и обезбеди пласман во полуфиналето на американскиот грен слем.






Фриц ја имаше поддршката од поголем дел од публиката на трибините во Њујорк, но присутни беа и голем број навивачи од балканските простори кои навиваа за Ѓоковиќ.

Меѓу нив беше и момче од Македонија кое по мечот успеа да стигне до српскиот тенисер, му го подаде македонското знаме и на него доби вреден автограм од тенискиот ас.

Поврзани содржини