Ѓоковиќ останува „Кралот на Мелбурн“! Девета титула за Србинот на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот со 3-0 во сетови во финалето го совлада Русинот Данил Медведев.

498

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ покажа уште еднаш зошто е најдобар во светот откако славеше во финалето против Данил Медведев со 3-0 во сетови, односно 7-5, 6-2 и 6-2, па така ја освои деветтата титула на првиот гренслем-турнир во сезоната, Австралијан опен.

Ѓоковиќ одлично го отвори натпреварот и со еден брејк на сервисот на Медведев поведе со 3-0, но потоа Русинот се врати во игра и израмни на 3-3. Сепак, Србинот заигра одлично во финишот и ја искористи нервозата кај ривалот, па така го доби првиот сет со 7-5.






Медведев тргна добро во вториот сет и направи брејк за 0-1, но потоа Србинот експресно се врати во игра и израмни на 1-1, а нервозата беше и повеќе од очигледна кај Русинот. Ѓоковиќ играше одлично, па со уште два брејка стигна до 6-2, додека неговиот противник неколку пати го тресна рекетот од теренот затоа што ги загуби нервите бидејќи не играше воопшто добро.

Во третиот сет Ѓоковиќ повторно направи брејк за водство од 2-0, а Медведев не успеа да се врати во игра и така српскиот тенисер го доби третиот сет со 6-2.

Поврзани содржини