ЃОКОВИЌ НЕМА ДА ИГРА НА „МАСТЕРС 1000“ Моментално не тренира, се одмора во Белград

Сè се случи толку брзо годинава: подемите и падовите на Олимпијадата во Токио, драмата на Ју-ес Опен…Сепак, Ѓоковиќ сè уште сака да го задржи првото место во АТП листата и тоа ќе му биде приоритет. За таа цел ќе мора да внимава на Данил Медведев.

926

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе го откаже учеството во престижниот „Мастерс 1000“ турнир во Индијан Велс во САД иако претходно изјавил дека ќе дојде, пишуваат српските медиуми. Новак моментално е во Белград од непознати причини и не тренира во моментов, јавува МИА.

Сè се случи толку брзо годинава: подемите и падовите на Олимпијадата во Токио, драмата на Ју-ес Опен…Сепак, Ѓоковиќ сè уште сака да го задржи првото место во АТП листата и тоа ќе му биде приоритет.






За да го задржи местото, Ѓоковиќ ќе треба да се пресмета со Данил Медведев кој во моментов му е единствена закана на оваа список. Новак досега шест пати беше на врвот на АТП листата и тој рекорд го дели со легендарниот Американец Пит Сампрас, а ако победи годинава, ќе биде единствен во светот кој тоа го направил седум пати.

Поврзани содржини