📽 ЃОКОВИЌ НАПАДНАТ ВО РИМ Од трибините летна шише и го погоди во глава

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ доживеа непријатност кога го напушташе теренот по победата во второто коло на турнирот во Рим.

1,370

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа непријатност при напуштањето на теренот по победата во второто коло на турнирот во Рим.
Ѓоковиќ се пласира во третото коло во Рим, откако за еден час и 26 минути го победи Французинот Корентин Муте со 2-0, по сетови 6-3, 6-1.

Во моментот кога го напушташе теренот и даваше автограми за навивачите, кон него полета шише од трибините и го погоди во глава. Ѓоковиќ падна на земја и се грчеше од болка.






Според она што може да се види на видеото, не изгледа како Новак да е удрен намерно, туку како да е несреќен случај. Но судејќи по неговата реакција, тоа беше болно.

АП ја пренесува реакцијата од организаторите на турнирот кои истакнуваат дека целата ситуација всушност била несреќен случај. Организаторите тврдат дека шишето испаднало од ранецот на дете кое се наведнало преку оградата за да земе автограм од Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во недела се очекува да настапи во третото коло на АТП турнирот во Рим, а противник ќе му биде Чилеанецот Алехандро Табило, кој е 29-ти носител.

Поврзани содржини