ЃОКОВИЌ КОНЕЧНО ДОБИ ВИЗА ЗА АВСТРАЛИЈА Идната година ќе ја брани титулата во Мелбурн
Ѓоковиќ во кариерата има девет титули на Австралија Опен.
Поранешниот светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ потврди денеска дека добил виза за влез во Австралија и ќе може да настапи на првиот Грен – слем турнир идната година, Австралија опен во јануари 2023 година. За годинава, Ѓоковиќ сепак не ќе може да ја одбрани титулата поради тоа што претходно беше депортиран оти не е вакциниран за коронавирусот.
– Навистина ме израдува веста што ја добив вчера. Јасно е дека тоа е големо олеснување ако се знае низ што сè јас и моите најблиски минавме на почетокот на оваа година – изјави Ѓоковиќ, откако попладнево го совлада Андреј Рубљов на АТП финалниот турнир во Торино и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето на завршницата.
Ѓоковиќ во кариерата има девет титули на Австралија Опен.