Ѓоковиќ како Роки се подготвува за новата сезона (ВИДЕО)
Тој ја започнува тениската година во Мелбурн на почетокот на февруари на АТП купот, како увертира за Австралија опен.
Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ објави видео во кое се гледа како тој се подготвува за новата сезона.
На снегот, од планинската убавица Дивчибаре, Новак истрча како во култниот филм во кој Силвестер Сталоне го игра ликот на Роки Балбоа.
Go the distance 2021 🥊 @TheSlyStallone #HappyNewYear pic.twitter.com/xWcnWKsxsS
— Novak Djokovic (@DjokerNole) December 31, 2020
И така, тој потсети на познатиот четврти дел од филмот кога Роки се подготвува на снегот трчајќи и носејќи дрва за пред мечот со советскиот боксер Иван Драго.
Тој во описот на видеото напиша „Go the distance 2021“, што е порака од цртаниот филм на Дизни „Херкулес“.
Неколку часа пред да влезе во новата година, Ѓоковиќ очигледно алудираше на голема борба во новата сезона.
Тој ја започнува тениската година во Мелбурн на почетокот на февруари на АТП купот, како увертира за Австралија опен.