Ѓоковиќ го удри Марсело со топче во грбот, го обвинија за агресивност (ВИДЕО)
Мело рекол дека јас го провоцирам? Сериозно? Навистина немам што да кажам во врска со тоа – рече Ѓоковиќ за Спорт Клаб, пренесува Tennisworldusa.
Ѓоковиќ несакајќи го погоди Мело Марсело со топче во грбот, а потоа беше обвинет за агресивност од бразилската тениска легенда на вчерашниот меч на Олимпијадата во Токио, пишува српски Блиц.
Видете и одлучете самите каков беше ударот во 0:14 минута кој Ѓоковиќ го упати кон Мело.
На Мело му пречеше тоа што Ѓоковиќ и неговата партнерка Нина Стојановиќ прославија меч-поен за Србија, а на Ѓоковиќ не му се веруваше што изјави Марсело по инцидентот:
– Ме изненади, но на негативен начин. Немаше потреба од тоа. Пред два дена, тој направи видео во кое зборува за Бразил и Бразилците, за нашата енергија, а сега се однесува така. Имаше удар директно во мојот грб, кој навистина не требаше да го одигра така. Но, добро, ова е тенис и секој се обидува да одигра онака како што сака. Јас лично никогаш не би играл на тој начин – рече Мело за медиумите.
Ѓоковиќ сепак го доби натпреварот и заедно со Нина Стојановиќ продолжија со својот пласман кон полуфиналето.
– Мело рекол дека јас го провоцирам? Сериозно? Навистина немам што да кажам во врска со тоа – рече Ѓоковиќ за Спорт Клаб, пренесува Tennisworldusa.
Ни Мело не остана покусо и продолжи да се жали.
– Зошто? Не направивме ништо за да го заслужиме тоа. Во еден момент, тој за малку ќе ја удреше Лиса. Секако, ова се Олимписки игри, сѐ може да се случи на теренот, тој прави што прави за да добие поен, но треба да има граници – заклучува Марсело.