ЃОКОВИЌ ГО ПОБЕДИ РУБЉЕВ Еве колку пари ќе заработи ако го освои турнирот во Торино

По оваа победа, Србинот веќе по второто коло во групната фаза, обезбеди пласман во полуфиналето.

2,131

На четвртиот ден од Завршниот АТП турнир во Торино, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го победи Андреј Рубљев од Русија со 2:0, по сетови 6:3 и 6:2.

По оваа победа, Србинот веќе по второто коло во групната фаза, обезбеди пласман во полуфиналето.






Во текот на денот беше соопштено дека Гркот Стефанос Циципас се повлече од турнирот и на негово место ќе дојде Камерон Нори.

Од вчера, учество помеѓу најдобрите четири има обезбедено и Данил Медведев.

Турнирот во Торино се игра од 14 – 21 ноември 2021 година за награден фонд од 7,25 милиони долари.

Поврзани содржини