Ѓоковиќ ги прекршил правилата за карантин во Шпанија, откако тренираше со Херера (ВИДЕО)
Тој го објави видеото на „Инстаграм“, но се појави проблем затоа што Шпанија сè уште не дозволи враќање на тениските терени.
Новак Ѓоковиќ се чини дека ги прекрши правилата за карантин во Шпанија, откако во понеделникот се врати на тениските терени, но овој потег предизвика голема „бура“, пренесе „Индепендент“.
Светскиот рекет број 1 е во Шпанија, каде го поминува времето во карантин, но конечно вчера се врати на тенискиот терен. На југот на Шпанија, во Марбела, Новак го користеше својот мобилен телефон за да го сними моментот на враќање на теренот, а од друга страна беше шпанскиот тенисер Карлос Гомез Херера.
Тој го објави видеото на „Инстаграм“, но се појави проблем затоа што Шпанија сè уште не дозволи враќање на тениските терени.
Наводно, клубот во Марбела не знаел дека Новак не треба да тренира, како и дека писмото од Тениската федерација на Шпанија пристигнало во попладневните часови и дека тие не ги разбрале добро правилата што предизвикало вакво недоразбирање.
Новак ќе треба да почека до 11 мај за да се врати на тренинзите, а не е познато дали ќе биде казнет за кршење на правилата.
Српскиот тенисер неодамна изјави дека е против земање на антикоронавирусна вакцинација доколку стане задолжително за патува откако ќе се смири пандемијата, иако подоцна рече дека е отворен да се премисли.
Шпанија е една од најтешко погодените земји од пандемијата, но таа започна да ги олабавува некои свои ограничувања на движење бидејќи бројот на потврдени случаи на ковид-19 започна да опаѓа во последните неколку недели. Во земјата како превенција од коронавирус беше во карантин од 14 март.