ЃОКОВИЌ Е СОВРШЕНСТВО БЕЗ МААНА Најновото интервју на Надал ја изненади спортската јавност

Новак е совршен, тој е тенисер без маана. Може да игра на секоја подлога, неверојатно е константен и оваа година, а дури и кога изгледа дека е во лоша форма, сепак неговата желба за победа е преголема, изјавил шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

1,833

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го чека почетокот на следната сезона за да се врати на теренот откако подолго време маки мачеше со повредите. А додека одмара и се опоравува, тој најде време да го пофали српскиот ас Новак Ѓоковиќ.

Српскиоте тенисер оваа сезона ја достигна бројката од 20 освоени гренд-слемови, колку што имаат Надал и Роџер Федерер, а сега, токму Шпанецот го опиша Србинот како „совршенство без маана“.






– Новак е совршен, тој е тенисер без маана. Може да игра на секоја подлога, неверојатно е константен и оваа година, а дури и кога изгледа дека е во лоша форма, сепак неговата желба за победа е преголема – рекол Надал.

Последен пат Новак и Рафаел се сретнаа во полуфиналето на Ролан Гарос, а од тогаш Шпанецот се мачи со бројни повреди.

– Откако се вратив во Торонто морав повторно да размислам. Потребен ми беше разговор со моето семејство и со мојот тим, а особено со лекарите, со цел да разберам што точно се случува со моето тело. Стапалото не ми е во добра состојба. Во текот на минатата година не тренирав и не сум подготвен на вистински начин за да можам да бидам конкурентен на теренот – признава Надал.

Поврзани содржини