ЃОКОВИЌ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА Пресврт во една антиваксерска сага

Според неговиот биограф, тенисерот се подготвува да се вакцинира.

3,131

На телевизиско гостување во Австрија биографот на Новак Ѓоковиќ, Даниел Мукш, открива дека славниот тенисер веќе се подготвува да се вакцинира. Со овој чекор Ѓоковиќ би имал пристап до сите турнири кои бараат од тенисерите да се вакцинирани.

Овие вести, кои се непотврдени од Ѓоковиќ, доаѓаат по неговото депортирање од Австралија. И од другите големи светски турнири на кои треба да настапи најавија дека нема да може да го стори тоа без вакцина.






– Според она што доаѓа од неговото опкружување вестите се дека тој ќе се вакцинира. За овој чекор можеби придонесе и 21-та Гренд слем титула на Надал – вели Мукш, кој е автор на биографијата на Ѓоковиќ.

Наредни турнири на кои првиот светски рекет треба да учествува се турнирот во Дубаи, а до Ролан Гарос има време да прими и две дози вакцина. Дали ова ќе се случи останува да видиме.

Поврзани содржини