ЃОКОВИЌ ЌЕ ГРАДИ ГОЛФ-ТЕРЕНИ ВО БУДВА Вложува 300 милиони евра заедно со инвеститори од Емиратите
Ѓоковиќ, како што пишува „Вијести“ веќе ја посетил локацијата и остварил средби со менаџери и правни експерти при неговата посета на црногорскиот град на брегот на Јадранското море на крајот на јануари кога му беше врачена повелба за „Почесен граѓанин на Будва“.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ планира да купи големо земјиште во Будва за да изгради мега комплекс со голф терени, хотели и други содржини, објави црногорскиот весник „Вијести“.
Според истиот извор, српскиот тенисер планира да го реализира проектот со поддршка на инвестициски фонд од Обединетите Арапски Емирати, а вкупната инвестиција се проценува на над 300 милиони евра.