ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ПРОПУШТИ ПРВОТО КОЛО НА ДЕЈВИС КУПОТ Aсот нема да игра со српската репрезентација против Данска

Поради повреда Ѓоковиќ ќе го пропушти натпреварот на српската репрезентација против Данска во првото коло од квалификацискиот турнир кој ќе се одигра од 31 јануари до 2 февруари.

431

Поранешниот светски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ нема да игра во првото коло од Дејвис купот, објави прес-службата на турнирот на социјалните мрежи.

Претходно Ѓоковиќ поради повреда го предаде полуфиналниот меч на Австралија опен против второрангираниот светски Германец Александар Зверев.






Поради оваа повреда Ѓоковиќ ќе го пропушти натпреварот на српската репрезентација против Данска во првото коло од квалификацискиот турнир кој ќе се одигра од 31 јануари до 2 февруари.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ го држи рекордот за најмногу Грен слем титули.

 

Поврзани содржини